I Општи информации и податоци за контролорот кој обработува лични податоци
Почитуван корисник,
Те замолуваме внимателно да ја прочиташ Политиката за приватност пред да почнеш со аплицирање. Во процесот на регисрирање на интернет платформата www.edom.mk, сметаме дека си запознат со Политиката за приватност и потврдуваш дека си ги прочитал и разбрал условите под кои ги обработуваме твоите лични податоци и со тоа дека ја прифаќаш оваа Политика за приватност.
Собирањето, обработката и чувањето на личните податоци EDOM го врши во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 42/20 и 294/21) (во натамошниот текст: „Закон“) .
Бидејќи сме свесни дека приватноста е важна за тебе и со цел да ја заштитиме приватноста на лицето чии лични податоци ги собираме, ја усвоивме и објавивме оваа Политика за приватност, која дефинира кои лични податоци ги собираме, на кој начин, за каква цел ние ги обработуваме, како ги го заштитуваме, колку долго ги чуваме и, конечно, кои се твоите права во однос на твоите лични податоци. Во овој поглед, Политиката за приватност ги опишува нашите практики во врска со собирањето на лични податоци, без разлика дали ги собираме директно од тебе, од страна на трети лица, за време на твојата посета на нашата платформа, преку твојата писмена или усна комуникација со нас или од други извори. Во секој случај, доколку имаш прашања или сомнежи, слободно контактирај не во секое време на e-mail: support@edom.mk или со испраќање електронско барање до нашиот офицер за заштита на лични податоци на e-mail: biljana.kocev@edom.mk
Ти благодариме за довербата!
II Основни поими и Лични податоци обработени од EDOM
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;
„Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување;
„Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот;
„Корисник“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка;
„Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава (која по пополнување, се испраќа на офицерот за заштита на лични податоци – biljana.kocev@edom.mk) или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;
III Принципи на обработка на лични податоци
Имај на ум дека, во секое време, при собирање, обработка и складирање на твоите лични податоци, ние постапуваме на следниов начин:
а) Личните податоци ќе се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци („законитост, правичност и транспарентност“),
б) Личните податоци ќе се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели определени во оваа Политика за приватност и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели. Натамошната обработка за цели на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели, во согласност со членот 86 став (1) од Законот, нема да се смета дека не е во согласност со првичните цели за кои се собрани личните податоци („ограничување на целите“),
в) Личните податоци ќе бидат соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат („минимален обем на податоци“),
г) Личните податоци ќе бидат точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе ги преземеме сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени („точност“),
д) Личните податоци ќе се чуват во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност со членот 86 став (1) од Законот, а со применување на соодветни технички и организациски мерки согласно со Законот, заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци („ограничување на рокот на чување“),
ѓ) Личните податоци ќе се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“).
